Најбогатите Руси изгубиле 93 милијарди долари од почетокот на војната во Украина

 

Од почетокот на руската инвазија на Украина најбогатите Руси изгубиле повеќе од 93 милијарди долари од своето богатство, пишува „Блумберг“ а пренесува „Новаја газета Европа“.

Според агенцијата, руските бизнисмени изгубиле 46,6 милијарди долари на првиот ден од руската инвазија на Украина. Во месеците по воведувањето на западните санкции изгубија уште 47 милијарди долари.

Според украински „Форбс“, вкупното богатство на најбогатите бизнисмени во Украина е намалено за повеќе од 20 милијарди долари од февруари – од 40 на 22,5 милијарди долари.

Според пресметките на „Блумберг“, во 2022 година имотот на 500 најбогати луѓе на Земјата ќе биде намален за вкупно 1,4 трилион долари.

30.12.2022 - 20:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега