Најчести грешки: Дали правилно ги користите средствата за дезинфекција

Со прскање на средства за дезинфекција во форма на спреј или капки на рацете, а потоа брзо бришејќи ги, не ги користите на најдобар можен начин, затоа обрнете внимание на вообичаените грешки што ги прават луѓето.

Треба да ја покриете целата површина на рацете со средства за дезинфекција, така што една од најчестите грешки е примена на недоволно количество на средства за дезинфекција. Притоа, мора да се грижиме да примениме доволна количина на производ за двете дланки. „Не мора да се грижите за прекумерна употреба на средства за дезинфекција, бидејќи нема проблем“, рече д-р Зеке Ј. Мекини, професионален и еколошки лекар од клиника во Минесота. „Точниот начин да се користи е во основа да се осигураме дека средството за дезинфекција ги покрива и двете раце“, вели докторот, додавајќи дека луѓето честопати прават грешки уште од самиот почеток со тоа што не ставаат доволно средство на дланките.

Кога нанесувате доволно средство за дезинфекција на вашите раце, обидете се да триете доволно долго за да ги покриете сите испакнатини со него. Светската здравствена организација (СЗО) препорачува триење најмалку 20 до 30 секунди и нуди детални упатства за правилна техника за дезинфекција на рацете.

Томас Русо, раководител на одделот за заразни болести на универзитетот Бафало во Њујорк, вели дека најголем ризик при употреба на средства за дезинфекција е покривање само на дел од дланките. „Ние ги триеме деловите на прстите на страната на дланките, ги триеме нивните врвови, но не ги триеме прстите од другата страна, помеѓу прстите или надворешноста на палците“, вели Русо, додавајќи дека мора да бидеме сигурни дека ги покривме сите тие делови.

Според препораката на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ), дланките треба да се тријат околу 20 секунди додека не се чувствуваме суви. „Ако не чекате да се исушат, во основа можете да го избришете производот на нешто, а потоа тој нема да ја заврши својата работа“, вели Мекини, објаснувајќи дека деактивирањето на одредени бактерии и вируси се случува кога производот ќе се втрие во наши раце. Триењето на средства за дезинфекција цело време додека не се исуши, вели Русо, е добро затоа што ги охрабрува луѓето темелно да го тријат секој дел од површината на рацете.

Ако треба да ги миете рацете после јадење или спортување, темелно измијте ги со сапун и вода, затоа што ако на нив имате прашина или маснотија, спрејот за дезинфекција нема да ви помогне. „Дезинфекција не може ефикасно да навлезе во површината на раката ако има нечистотија на еден дел од неа. Чистењето на рацете, како што правиме при миење, е поефикасно бидејќи со механичко дејство ги отстранува бактериите“, вели Мекини.

Добро е да се разбере правилната употреба на средства за дезинфекција на рацете како ефикасен начин за забавување на потенцијалното ширење на коронавирусот, но ова не треба да биде единствената превентивна мерка што ја преземаме. „Луѓето мислат дека дезинфекцијата за раце е разумна замена за миење на рацете, но дефинитивно не е. Миењето раце е далеку најдоброто нешто“, вели Мекини.

Треба да се води сметка и за чување средства за дезинфекција на раце. Русо предупредува дека треба да се чуваат подалеку од деца и наведува зголемување на бројот на случаи на труење како резултат на голтање. Се смета дека Ковид-19 првенствено се шири со респираторни капки, така што не смееме да ја заборавиме важноста на носење маска. „Ако треба да одберам само едно, ќе одберам маска и ќе ги оставам рацете да се извалкаат“, рече Русо.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.07.2020 - 21:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега