Најмалку 16 туристи се затруле во бања во Хрватска

Хрватските медиуми пишуваат дека вкупно 16 лица завршиле во болница и имаат тешкотии со дишењето, откако се затруле во бања во Хрватска.

Во болница се примени 14 лица, од кои едно завршило на интензивна нега, додека двајца пациенти се на кислородна поддршка.

Пријавата пристигнала од вработени, кои се пожалиле на непријатен мирис, а евакуацијата почнала во 18.10 часот и засега не е познато каква хемикалија била испуштена.

19.08.2022 - 22:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега