Најмногу активни случаи на Ковид 19 во Аеродром-шест скопски општини со трицифрени бројки

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 680 тестирања, а регистрирани се 80 нови случаи на ковид-19

Бројот на активни случаи со Ковид-19 во државава изнесува 3996 од кои најголем број – 1802 се во Скопје, покажуваат податоците за состојбата со вирусот, што денеска ги соопшти Министерството за здравство.

Најголем број активни случаи по општини во Скопје има во Аеродром – 338, а по него следат Центар – 328, Карпош – 317, Кисела Вода – 209,  Гази Баба – 171, Ѓорче Петров – 154, Чаир – 89, Бутел – 70, Илинден – 31, Сарај – 16, Шуто Оризари – 13, Сопиште – 12, Петровец – 6, Арачиново – 4, Чучер Сандево – 4, Студеничани – 3, Зелениково – 3, 14 се странци, а 20 нераспределени.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.10.2020 - 14:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега