Најново предупредување од УХМР: Од утре пресврт на температурите - се најавува драстична промена

Од утре до четврток нашето подрачје ќе биде под влијание на значително постудена воздушна маса, времето ќе биде променливо облачно и значително посвежо. Ќе дува умерен до засилен ветер од северозападен правец. Дневните температури ќе опаднат за околу 10 степени, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утре и задутре ќе има повремен локален дожд. Од четврток и утринските температури ќе бидат особено ниски, на некои повисоки места може да се спуштат и до 0 степени. Од петок ќе има пораст на дневните температури, информираат од УХМР.

20.09.2021 - 12:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега