Најсреќен меѓу дваесеттемина учесници годинава беше Тони Стефановски кој го извади светиот крст од Преспанско Езеро

Општина Ресен и Преспанско – пелагониската епархија големиот христијански празник Богојавление – Водици го прославија во Отешево, каде во водите на Преспанско Езеро беше спуштен светиот крст.

Најсреќен меѓу дваесеттемина учесници годинава беше Тони Стефановски од Стење, кому според востановената традиција градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски му подари телевизор.

Пригодни празнични подароци Стефановски доби и од компаниите поддржувачи на традиционалниот настан како и од свештениците на Преспанско – пелагониската епархија, односно намесништвото во Ресен.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.01.2020 - 14:05

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега