Најстрашна снимка од Бејрут: Разурнат речиси целиот град- позната е можната причина за експлозиите

Во огромната експлозија блиску до центарот на либанскиот главен град Бејрут загинаа најмалку 10 луѓе, а стотици се повредени, велат властите. Од експлозијата во градското пристаниште имаше потреси низ цел град, од што се скршија прозорци и паднаа балкони од зградите, поради што многумина жители мислеле дека е земјотрес.

Во областа на градското пристаниште има магацини со експлозиви, објави државната новинска агенција ННА и двајца безбедносни извори, а трет извор од безбедносните структури рече дека во областа се чуваат хемикалии.

Експлозијата се случува во чувствителен период за Либан, бидејќи неделава треба да биде објавена пресудата за убиството на поранешниот премиер Рафик Харири.

Сепак, засега не е позната точната причина за експлозијата, ниту пак каков вид експлозиви има во магацините.

Гувернерот на пристаништето во Бејрут изјави за „Скај њуз“ дека екипата на пожарникарите кои биле на лице место исчезнала по експлозијата. Еден од службените лица на либанската престолнина ја спореди оваа катастрофа со Хирошима.

Според министерот за здравство, голем број луѓе се повредени во експлозијата.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.08.2020 - 20:11

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега