Намален бројот на овци и говеда

Во 2023 година вкупниот број на говеда е намален за 9,7 отсто, а пад од 9,2 процента бележи и бројот на овците. Зголемување има кај бројот на свињите за 5,9 отсто, кај козите за 6,7 и кај живината за 11,8 проценти.

Според Државниот завод за статистика, намалување на бројот на говедата е забележано кај индивидуалните земјоделски стопанства, a кај деловните субјекти (земјоделските претпријатија и земјоделските задруги) е забележано зголемување.

Зголемување на бројната состојба на свињите е забележано во двата сектора.

29.03.2024 - 17:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега