Наместо да седи во домашна изолација, гостиварец тргнал за Швајцарија

Против 42-годишен жител на гостиварското село Неготино поднесен е предлог за казна за кривично дело непостапување според здравствените прописи.

Обвинетиот, кому со решение од Државниот санитарен и здравствен инспекторат му била определена задолжителна домашна изолација во траење од 20 дена, на 18 февруари остварил излез од државата преку граничниот премин Табановце и се упатил кон Швајцарија.

Надлежниот јавен обвинител му предложил на судот да определи глоба за 42-годишникот, кој не ги почитувал здравствените мерки.​​

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.04.2021 - 15:23
Фото: 
Макфакс

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега