Напад на ајкула во Египет остави 12-годишно момче без рака и туристички водич без нога

Во напад на ајкула во египетското одморалиште Шарм ел-Шеик на Црвено море, дете од Украина останало без рака, а локален туристички водич без нога, изјавиле денеска локалните власти.

 

Нападот на ајкулата се случил во неделата додека двајца туристи, мајка и син, и нивниот водич, нуркале во националниот парк Рас Мохамед, навеле властите на Египет.

Повредените се сместени во болница, а со истрагата е утврдено дека ги нападнала океанска белоперка, долга околу два метри.

Египетските власти не изнеле детали за повредите, додека украинските навеле дека 12-годишник е на одделение за интензивна нега и дека лекарите не успеале да му ја спасат раката.

Мајката на детето се здобила со полесни повреди.

Властите ја затвориле областа на националниот парк каде се случил нападот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.10.2020 - 23:32

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа