Нападнати двајца браќа од Штип: Им влегле дома, ги претепале, па им ги оштетиле и возилата
Неколку лица влегле во домовите на двајца штипјани и ги нападнале нив и нивните семејства.
„На 29.06.2020 во 23.40 часот во Полициската станица Штип, Ќ.М.(46) од Штип пријавил дека тој и неговиот брат околу 22.10 часот на ул.„Широк дол“ во Штип биле физички нападнати од повеќе лица кои употребиле и тврди предмети, а им ги оштетиле и возилата“ велат од полиција.
Според пријавеното, потоа лицата влегле и во нивните домови каде физички ги нападнале и нивните семејства.
За настанот бил запознаен Јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
30.06.2020 - 15:21
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа