Нападот во Брисел-одмазда за апсењето на „мозокот“ на париските напади во ноември?

Дали овој терористички напад е одмазда за апсењето на мозокот на терористичкиот напад во ноември минатата година во Париз, кога животот го загубија 130 лица?

Крвавото утро во престолнината на Европа повлекува низа прашања, поврзување на можни вмешани во нападот, иако сеуште е рано да се носат било какви заклучоци.

Но, она што е факт е дека пред само 4 дена од ова кобно бриселско утро беше уапсен главниот осомничен за ноемвриските напади во Париз, Салах Абделсам.

За сега бројката на загинати во терористичкиот напад на аеродромот во Брисел се искачи на 17, а според пишувањата на медиумите има околу 30-на повредени. Бројката не е конечна и се очекува уште да се искачува.

 
 
22.03.2016 - 10:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега