Направете брза кокос торта која не се пече - лесно и едноставно, а сите ќе бидат воодушевени од вкусот

Летото е идеално за подготовка на брзи слатки работи кои не бараат печење во рерна, затоа ова е идеален рецепт. На оваа торта ретко кој може да и одолее.

За неа потребни ви се:

- 300 грама бисквити

- 500 грама маскарпоне сирење

- 500 милилитри слатка павлака (хопла)

- 200 грама бела чоколада

- 200 грама кокос

- шолја млеко за натопување на бисквитите

Бисквитите натопени во млеко наредете ги во тепсија или калап за колачи, додека не го прекриете дното.

Во сад додадете маскарпоне сирење и истопена бела чоколада кои сте ги изматиле со мискер.

Во посебен сад изматете ја хоплата и кога ќе зацврсти дедадете ги измешаните маскарпоне и белата чоколада.

Додадете и косос и сето тоа соединете го.

Половина од филот распоредете го над бисквитите, а потоа додадете уште еден ред бисквити исто така претходно сте ги натопиле во млеко.

Распоредете ја и другата половина фил и по желба декорирајте.

Оставете ја тортата во фрижидер да се излади, па сервирајте.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

23.07.2020 - 14:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега