Народен правобранител - утешна награда за кандидатот за прв премиер Албанец

Кандидатот за премиер од ДУИ, Насер Зибери е новиот народен правобранител. Собранието поладне гласаше за изборот на Зибери за оваа функција.

Пред гласањето на дневниот ред, пратеникот на Алијансата за Албанците, која е во коалиција со Алтернатива, Сурија Рашиди, побара да се симне точката за избор на Зибери, за кого рече дека е кандидиран за функцијата од политички причини.

– Постапката за избор на народен правобранител беше спроведена крајно нетранспарентно, така што сега имаме кандидат кој е предложен од една од партиите на власт и кој само пред шест месеци одеше на избори како кандидат за премиер-изјави Сурија Рушиди Алијанса за Албанците.

Функцијата народен правобранител е испразнета подолго од еден месец. Иџет Мемети, кој 16 години ја извршуваше оваа функција, неколку дена пред истекот на неговиот втор мандат беше  избран зо член на Советот на јавни обвинители.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.01.2021 - 18:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа