Насилниците не можат да најдат адвокат да ги брани, штипски адвокат вели:„ Ќе помогнам, но на девојчето“

Двајцата насилници од Штип 24 часа по приведувањето во СВР Штип сé уште се без бранител пишува Тв Стар.

Судијата по претходна постапка Олгица Павлова, во секој момент треба да одлучува за нивниот притвор, но тоа е невозможно доколку осомничените немаат правен застапник.

Според информации на ТВ Стар, сите повикани адвокати, до утринските часови, одбиле правна помош или биле зафатени со други предмети, па од тие причини тие биле оставени исказите во полицијата да ги даваат сами.

Го контактирале штипскиот адвокат Кристијан Мицевски да ги застапува, но тој ги одбил.


За јавноста појаснува дека нема сума на пари која би го натерала да ги брани насилниците.

-Го пишувам ова, па макар и лиценцата да ми ја одземат. Пред некое време, денес, добив повик од пријатели на семејствата на ,,тепачите” да им бидам адвокат и да ги бранам, да сум помогнел. Мојот одговор беше – Да, јас ќе помогнам, ама на девојчето! Затворив слушалка… Добро бре ,,фраери”, дали сте нормални вие? Баш ме интересира кој колега добар збор за вас ќе каже? Има ли пари кои ќе ме натераат на тоа? Поздравете по дома, па ќе се видиме за некоја година, квази фраери! – напиша Мицевски на својот Фејсбук профил.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 11:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега