Наследникот на Ал Багдади бил именуван уште во октомври - што се знае за новиот лидер на Исламската држава

Само неколку часа откако американските сили во Ирак, во октомври 2019 година го убиле лидерот на Исламската држава Абу Бакр ал Багдади за нов лидер на терористичката организација бил именуван Амир Мохамед Абдул Рахман ал Мавли ал Салби, пишува британскиот Гардијан, повикувајчи се на неименувани извори.

Лондонскиот весник наведува дека регионални и западни известувачи во текот на три месеци од убиството на Багдади успеале да направат профил на новиот лидер на групата.

Салби важи за еден од највлијателните идеолози во исламистичката организација, а роден е во туркемнско семејство во иранскиот град Тал Афар, така што е еден од ретките неарапски лидери во Исламската држава, пишува Гардијан.

Весникот наведува дека е познат и по военото име Хаџи Абдулах, како и дека во некои кругови се споменува и како Абдулах Кардеш, иако иранските власти тврдат, дека лицето со име Абдулах Кардеш е еден од лидерите на ИС кој бил убиен пред две години.

Салби е воедно еден од соновачите на ИС и предводел бројни операции на Исламистичката организација ширум светот, вклучувајчи и заробување на припадници на јазидското етничко малцинство во Ирак.

Весникот пишува дека САД пред смртта на Багдади нуделе пет милиони долари за смртта на Салби и уште двајца високорангирани припадници на ИС.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.01.2020 - 13:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега