НАТО состанок за поддршката на Македонија, Албанија и Црна Гора за справување со Ковид-19

 

Министрите за одбрана на земјите членки на НАТО денеска и утре ќе одржат виртуелен состанок со кој ќе претседава генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг..

Министрите ќе разговараат за напредокот во однос на пофер распределба на товарот, зајакнување на капацитетите за одвраќање и одбрана во сите домени, зајакнување на отпорноста на општестваta; и за мисиите на НАТО во Авганистан и Ирак. Ќе стане збор и за справувањето со пандемијата на Ковид-19 и поддршката од Алијансата за  Македонија, Албанија и Црна Гора.

-Пандемијата КОВИД-19 продолжува да не предизвикува сите нас. Нашите војски продолжуваат да играат клучна улога во поддршката на цивилните напори. И сојузниците си помагаат едни на други. Поставување на теренски болници и транспорт на пациенти. И овој месец, Албанија, Црна Гора и Северна Македонија добиваат поддршка од новите резерви на НАТО. Ковид-19 не направи другите предизвици да исчезнат. Значи, останува од витално значење да инвестираме во нашата одбрана, рече Столтенберг вчера на прес – конференцијата по повод одржувањето на дводневниот министерскит состaнок.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.10.2020 - 08:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа