Наумоски ги демантира обвинувањата за имотот: Уредно во законски рок е пријавена промената

 

Поранешниот градоначалник на општината Ѓорче Петров, Александар Наумоски, ги демантира обвинувањата од пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Бране Петрушевски, за непријавениот имот.„Уредно во законскиот рок е пријавена промената на мојот имот. Со продажба на постојно возило и купување старо возило со година на производство од 2010 година. 12 години старото возило ‘бмв Х5’ е луксуз? Дополнително укажувам дека антикорупциската комисија (ДКСК) во својата база ги нема ажурирано моите податоци од 2009 година како член на Советот на Град Скопје.

 

Подолу во прилог е пријавата со промената уредно доставена.Во оваа пригода би сакал да пријавам до ДПМНЕ дека во наше Ѓорче за 4 години се направија инвестиции како за 20 години.За четири години, во Ѓорче се изградија над 110 улици во должина од 40 километри, поставен е водовод од 5 километри, фекалнa од 40 километри, паркинг од 7.700 м2. Нова градинка во Волково, доградба на ‘Детелинка’ со три занимални, поставено е ново модерно ЛЕД-паметно осветление, го вративме старото корзо, изграден е кружен тек во Волково, ‘Јоаким Крчоски’, по 60 години, доби нова спортска сала, правно е решен проблемот со административно-деловната зграда во паркот, изградивме и реконструиравме детски игралишта, поставивме гумени подлоги на спортските игралишта, континуирана поддршка за сите спортисти, спортски клубови, уметници, социјални случаи, еднократна парична помош за секое новороденче…

Доградба на две училишта. И многу други проекти.

Постојните проекти со кои се фалите се оставени со решена целосна проектна документација и обезбедени грантови, како фекалната канализација со пречистителна станица во Орман. Фасадите, покривите и реконструкција на тоалетите во училиштата. Партерното уредување на крстот во Кучково и сите други општински проекти, без тие што ги прави Град Скопје.

Ѓорчепетровци очекуваат повеќе. Ваков дефокус и ширење лаги за ситна политичка добивка е само доказ за криење неспособност“, наведува Наумоски во неговата реакција.

31.10.2022 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега