Наумоски: Се решава притисокот на водата од Јурија до Хром

Го решаваме слабиот притисок на вода во ниските зони на општината од Јурија до Хром. Како капитален проект од програмата ,,Најдоброто за мојата општина“ предвидовме изградба на нов резервоар за вода во месноста Оризарски рид.  Проектот е веќе изготвен од страна на Град Скопје преку јавното претпријатие „Водовод и канализација“ и е со вредност од околу три милиони евра, кажа актуелниот градоначалникт на Ѓорче Петров, Александар Наумоски.
„Анализите покажаа дека урбанизацијата и катноста на објектите не се пречка за дотокот на вода. Туку,  наведените места се наоѓаат во ниска зона под нивото на течението на реката Вардар. Токму затоа потребен е нов резервоар.  Реализацијата на овој проект се очекува да започне во 2022 година, а да заврши на почетокот на 2024 година.
Дополнително, Општината изготви проект за субвенционирање на пумпи за зголемување на притисокот на водата во објектите.
„Најдоброто за мојата општина“ е програма која заедно ја креиравме со вас граѓаните.
Целиме кон подобро Ѓорче, а тоа го имаме само со заокружување на бројот 12.
12 е број за развојно ЃорчеЗ“, кажа Наумоски.

08.10.2021 - 14:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега