Наумовска: Продолжуваме со грижа за учениците и наставниот кадар

Претседателката на Комисијата за образование на СДСМ, Елизабета Наумовска на денешната прес-конференција рече дека образованието е клучна алка за градење на иднината и напредокот на општеството.

„Образованието е најсилно орудие за демографските промени и јакнење на идните капацитети на нашата држава.

Затоа како социјалдемократи коишто што ја предвдиме Владата во сите наши постапки и одлуки, се водевме од општиот, државен интерес и правата и интересите на учениците, на наставно-научниот кадар. Во овие вонредни услови на пандемија вложувме надчовечки напори да обезбедиме достапно, навремено и квалитетно образование и го постигнавме тоа. Министерството за образование и наука, покажа капацитет, покажа подготвеност и денес учебната година се одвива непречено и според утврдената програма.

Во изминатите години комплетно го реформиравме средното стручно образование, кое сега овозможува директно поврзуваље со стопанството, а учениците учат практични вештини директно на работно место во работните организации. Како поддршка кон ова, за прв пат по многу годино средните стручни училишта ги опремивме со модерна опрема во училишните работилници за реализација на практична настава.

Уште повеќе, бидејќи светски тренд е доживотното учење, во три плански региони формиравме Регионални центри за стручно образование и обука, во која повозрасните ќе можат да се надградуваат, преквалификуваат о доквалификуваат за потребите на нашето стопанство.
Пандемијата не беше пречка да се започне уште еден суштински важен процес – реформирање на основното образование. Новата концепција нуди интердисциплинарен пристап, кој ќе им овозможи на учениците поквалитетна настава, подобро и потемелно разбирање на материјата од сите научни дисциплини. Градиме инклузивно образование, достапно за секое дете, кое вистински ги подготвува младите за иднината.Создаваме образование кое не учи да учиме и кое ќе му овозможи на секое дете да го достигне својот полн потенцијал. Сето ова го правиме со исклучителна посветност и низ широк конуслтативен процес. Бидејќи промените ни се важни и треба да дадат резултати.

Како партија којашто е предводник на владини политики којашто се во интерес исклучиво на граѓаните, постојано инвестираме во развој и унапредување на образованието.

Свесни за важноста на наставниот кадар, уште во првите месеци од првиот наш мандат ги зголемивме платите во образованието. За само три години платите во основното и средното образование ги големивме за над 2.100 денари, а во високото образование за над 3.200 денари. Во првите месеци од вториот мандат за првпат воведуваме кариерен развој. Наставниците во основното образование имаат можност да станат наставници ментори и наставници советници со што, освен што професионално ќе се издигнуваат ќе добијат и финансиска бенефит.

Континуирано вложуваме и во објектите во изградба на нови и реконструкција на постоечките објекти на основните и средните училишта, како и изградба и реконструкција на спортски училишни сали.

Заложбите на Владата предводена од СДСМ за унапредување на образовниот систем се докажуваат и со Буџетот за оваа 2021 година. Буџетот на Министерството за образование и наука за оваа година е поголем за 1,1 милијарда денари каде најголем дел од овие средства се насочени директно за подобрување на образовниот систем.

Капиталните инвестиции се проектирани на една милијарда денари, што е за два и пол пати повеќе во однос на минатата година. Со овие средства обезбедуваме поквалитетен образовен процес за околу 100.000 ученици.

Откако претходно, за три и пол пати го зголемивме опфатот на деца кои добиваат детски и образовен додаток, оваа година со 900 милиони денари наменети за стипендии за ученици и студенти го подобруваме и унапредуваме студентскиот и ученичкиот стандард на околу 50.000 млади лица.

Почитувани,

Образованието е нашата сегашност и иднина. Затоа, како одговорна партија продолжуваме да вложуваме во наставниот кадар, да вложуваме во објектите на училиштата, продолжуваме со грижа за учениците и студентите. Продолжуваме преку реформирано и квлаитетно образование да создаваме подобра иднина.“, рече Наумовска.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

24.01.2021 - 13:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега