Навални ги побара главните докази: Ме соблекле и испратиле целосно гол

Рускиот опозиционер Алексеј Навални изјави денес дека нервниот агенс „Новичок“ бил пронајден на него и во неговото тело, по што побара Москва да му ја врати облеката која ја носел истиот ден кога бил отруен.

„Пред да ми биде одобрен превозот во Германија, ја соблекле од мене целата облека и ме испратиле целосно гол. Со оглед на тоа што „Новичок“ беше пронајден на моето тело и дека е можна инфекција преку контакт, облеката е многу важен материјален доказ“, напиша Навални на својот блог откако неодамна се разбуди од кома.

„Барам облеката внимателно да се спакува во пластична кеса и да ми биде вратена“, изјави еден од најгласните критичари на рускиот претседател Владимир Путин.

Алексеј Навални на кого му се слоши на летот во Русија на 20-ти август, беше примен во болница на Сибир, па потоа беше пренесен во Германија каде беше утврдено дека е отруен со „Новичок“, нервен агенс кој бил произведен од страна на советските експерти.

Москва ја отфрли таа можност и покрај заклучоците на германските, француските и шведските лаборатории.

Блиски соработници на најистакнатиот руски опозиционер изјавија дека трагите на Новичок биле откриени во шише со вода пронајдено во неговата хотелска соба во Сибир.

Навални упати остри критики кон руската сообраќајна полиција која отворила предистрага за неговата хоспитализација откако му се слошило во авион, а притоа не била отворена официјална истрага. Тоа е „како да сум се лизнал во трговски центар и сум ја скршил ногата“.

Во втората објава на Инстаграм, Навални ѝ се заблагодари на неговата сопруга Јулија која во текот на трите седмици колку што беше во кома, била покрај него „му пеела и му пуштала музика“.

„Сега сигурно знам од лично искуство дека љубовта лекува и враќа во живот“, изјави Навални.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

22.09.2020 - 10:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега