Навални им се заблагодари на пилотите кои итно го приземјите авионот откако му се слошило
Тој се заблагодари и до медицинскиот персонал од аеродромот.
Рускиот опозициски лидер Алексеј Навални рекол дека животот им го должи на пилотите кои итно го приземјите авионот откако му се слошило во текот на летот.
Навални им се заблагодари на своите “непознати добри пријатели“, во низата објави на Инстаграм. Тој на оваа платформа споделува и како напредува неговото опоравување, после, како што утврдија германските, шведските и француските лаборатории, труењето со советскиот нервен агенс новичок, пишува „Ројтерс“.
-Колку што јас разбирам, планот на убиецот бил едноставен: Ќе се чувствува лошо 20-тина минути после полетувањето, а во следните 25 минути ќе се онесвести, напиша Навални.
Тој навистина изгубил свест набрзо по полетувањето од градот Омск за Москва на 20 август.
Навални на почетокот на оваа недела е отпуштен од болницата во Берлин во која беше префрлен од Омск, а сега е неопходно секојдневно да оди на физиотерапија. На една од последните фотографии кои ги објави на Инстаграм, тој ја гушка својата сопруга Јулија.
-Ви благодарам, добри непознати пријатели. Вие сте добри луѓе, напиша тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа