Назначен нов судија – поротник: Продолжуваат судењата за „Титаник“, „Топлик“ , „Талир“ и „Тендери“

По назначување на нов судија – поротник во дел од предметите на поранешното Специјално јавно обвинителство, за август и септември закажани се термини за одржување на главните расправи за предметите „Титаник“, „Топлик“ , „Талир“ и „Тендери“, соопштија денеска од Основниот кривичен суд Скопје.

Од Судот информираат дека за „Топлик“ рочиште е закажано на 23 август 2021, ден потоа на 24 август за „Титаник“, за „Талир“ на 3 септември,  додека за „Тендери“ на 6 септември, за што веќе се известени странките во постапката.

Судскиот совет неодамна разреши двајца судии – поротници, кои беа дел од овие судења, поради навршени 60 години возраст. 

21.07.2021 - 12:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега