НБА: Сопственикот на Феникс го продава клубот

Американската професионална кошаркарска екипа Феникс Санс ќе го промени сопственикот.

Актуелниот прв човек на машката и женската екипа на Феникс, Роберт Сарвер, објави дека е во потрага по нови сопственици, откако раководството на НБА лигата го суспендираше на една година и парично го казни со 10 милиони долари поради расистички коментари, како и недостоен речник и „сексистичко однесување“ кон вработени во клубот.

Сарвер го купи Феникс во 2004 година за 401 милиони евра, а сегашната пазарна вредност на клубот се проценува на 1.8 милијарди долари.

–Без разлика какви добри работи сум направил или ќе направам, тоа ќе остане во сенка на искажаното од моја страна во минатото. Затоа почнав постапка да најдам купувачи за машкиот и женскиот тим, изјави Сарвер.

22.09.2022 - 18:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега