„Не игнорирај ме, дезинфицирај ме“ - македонската фолкерка направи „бум“ со новата песна

Македонската фолк пејачка Сања Цинцева или позната како Сања Барбика предизвика бура реакции ссамо два дена по објавувањето на нејзината нова песна „Ковид и секс“.

Стиховите „ не игнорирај ме, дезинфицирај ме, мери ми топлина кога ме облива, дегустирај полека, немој на екс…може да е опасно ковид и секс!“  станаа вирални.

„Наменски избрав да пеам за ваква тема, знаев дека ќе има коментари и тоа ми беше и целта. Бројот на прегледи расте вртоглаво од ден во ден, тоа значи дека сме погодиле директно во центар и сме завршиле добра работа, и јас, и мојот тим“, откри пејачката.

15.06.2021 - 08:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа