Не ја држи место - Памела Андерсон се разведува од петтиот сопруг

Памела Андерсон наводно, се разделила од сопругот, објавија американски таблоиди.

Истите извори пренесуваат дека актерката од Baywatch поднела барање за развод од Ден Хејхерст во нејзината родна Канада, каде што парот живееше откако се венчаа на Бадник во 2020 година по жешка романса.

„Памела сака автентично и живее автентично,“ извор близок до неа изјави за списанието „Ролинг Стоун“.

Инсајдерот ја опиша кратката врска на парот како „пандемиски виор“ кој згасна.

54-годишната ѕвезда беше во брак со Томи Ли – татко на нејзините синови Брендон (23) и Дилан (22) – само четири дена откако се запознаа во 1995 година, но тие се разведоа во 1998 година.

Потоа таа се омажи и се разведе од Кид Рок во 2006 година. Следната година, се омажи за Рик Саломон, но нивната заедница беше поништена, сепак, парот се венча повторно во 2013 година, но таа поднесе барање за развод на почетокот на 2015 година.

Во јануари 2020 година, Памела се омажи за холивудскиот продуцент Џон Питерс, но тие се разделија помалку од две недели подоцна и таа инсистираше на тоа дека нивната заедница никогаш не била правно обврзувачка.

21.01.2022 - 10:16

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега