Не можело да чека - бебе се роди во возило на Брза помош во Мостар, а породувањето го изврши министерот за здравство

Млад брачен пар доби ќерка на пат до болница во Мостар, а породувањето го направил ни помалку ни повеќе, туку Томислав Пејиќ, министер за здравство на Западнохерцеговинската жупанија.

Утринава, во околу осум часот и триесе минути, на подрачјето на Широк Бријег, на свет дошло девојче, кое изгледа не можело да почека до болница, каде тргнало со возило на Брза помош од Груде.

Со оглед на ситуацијата, девојчето се родило во возило на Итна помош, а во помош веднаш дошле и соседите меѓу кои имало медицинска сестра.

Првото капење на бебето е направено во куќа пред која се парикароло возилото на Брза помош во местото Горња Дужица.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.06.2019 - 17:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега