Не му треба нов закон: Ако сака Обвинителството може веднаш да отвори постапки против Јакимовски и Јанева

На надлежните обвинителства и на Министерството за правда никој не им пречи да почнат постапка проти Стевчо Јакимовски и Катица Јанева и според актуелните законски решенија. Се што треба е да испратат замолница до службите во САД кои од вчера ја проширија црната листа и од нив да побараат детали за индициите врз основа на кои градоначалникот и екс специјалната обвинителка се соочуваат со санкциите.

Законот за меѓународна соработка во кривичната материја кој Собранието го усвои во април 2021 година во членот 16 дава можност домашен надлежен орган (Министерството за правда, Јавното обвинителство или Суд) да испрати замолница за соработка во кривичната материја до надлежна институција на странска држава Ова барање се доставува преку Министерството за правда и со него од странската надлежна институција се бара достава на списи, информации, материјални докази и предмети за одредена предистрага, истрага или тековен судски предмет за физичко или правно лице.

Овој закон во членот 35 овозможува и формирање на заеднички истражни тимови за истражување и гонење на кривични дела, а договорот за заеднички истражен тим го склучува државниот обвинител.

Во чл.39 е предвидено и секое истражно дејствие што го превземал надлежен орган на странската држава да биде изедначено со соодветно дејствие во кривичната постапка пред домашните институции.


19.03.2024 - 11:08

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега