„Не плукајте по Ѓоковиќ, тоа го направи за својата земја“: Српскиот актер објави дека е негативен на Ковид-19 и застана во одбрана на тенисерот
Српскиот актер Милош Биковиќ данес потврди дека е негативен на корона, и веднаш се сврте во одбрана на светскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, кој неодамна откри дека е заразен, како и неговата сопруга Јелена.
– Имав чест да бидам гостин на турнирот на Новак Ѓоковиќ. Тој тоа го направи за својата земја, за својот град, за сите љубители на тенисот. Со чисто срце. Во склад со законите и препораките на струката. Но, ние прерано се опуштивме. Направив тест. И моите најблиски. Сите сме негативни на вирус. Ова е лекција за сите. Дај Боже здравје на сите – напиша Милош.
24.06.2020 - 23:31
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа