„Не сакав толку“ - откако ја претепал Ивана, се правдал со бизарни изјави

Ѓорѓе Кацковиќ, 24-годишно момче е уапсен откако брутално ја претепа својата девојка, 22-годишната Ивана во нивниот изнајмен стан во Нови Сад.

„Полудев од љубомора. Ја тепав Ивана, но не сакав да отиде толку далеку, да ја унакзам. Жал ми е“, вака се правдал вчера во Основиот суд Ѓорѓе, кој ѕверски ја претепал и мачел својата девојка.

После изживувањето врз девојката тој со мотика ѝ скршил 4 ребра, ја сечел со нож по лицето и нозете, ја фрлал кон радијатор и ѝ ги горел рацете со пегла.

Ѓорѓе истиот ден е уапсен, а вчера е изведен пред суд во Нови Сад, после што му е одреден 30-дневен притвор.

Рекол дека поради љубомора му паднала темнина пред очи. Признал дека долго ја тепал, но дека не бил свесен колку далеку отишол.

Ѓорѓе Лацковиќ се товари за насилство во семејството и нанесување тешки повреди. Тој по потекло е од Богатиќ, а како и Ивана студирал во Нови Сад на Факултетот за спорт и физичка култура.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2019 - 09:45

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега