Не се почитуваат мерките: Белгија има нови 1.298 заразени лица

Здравствените власти информираат дека се регистрирани нови 1298 случаи на позитивни на коронавирусот во Белгија, и потсетуваат дека реалната бројка е уште поголема бидејќи не се тестира масовно, јави дописничката на МИА од Брисел.

Бројката на заболени продолжува да расте, но и бројката на починати, во последните 24 часа се регистрирани 42 мртви, вкупниот број починати сега изнесува 220.

Властите оценуваат дека ова значајно зголемување на бројот на заразени се должи на нова построга дефиниција на инфекцијата, но и на фактот што мерките не се почитуваат доволно од страна на населението.

-Доколку не ги почитувате мерките, изолацијата ќе трае два пати подолго, ве повикуваме сите да продолжите со напорите и секој да преземе одговорност, да ја прифати ситуацијата и да се организира за да живее во оваа ситуација, изјави Беноа Рамакер, од кризниот центар за коронавирусот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 11:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега