Не се знае дали има заразени или во изолација други луѓе по контакт со сопружниците што се вратија од Занзибар

 Во Заводот за нефрологија во Струга вчера беше хоспитализиран пациент од Битола, позитивен на Ковид -19, кој се вратил од Занзибар.

Директорот на Заводот, Александар Попоски информира дека лицето било примено во понеделникот вечерта, препратено од Битолската болница, како позитивен на коронавирусот, со покачени врендости, кои покажуваат бубрежно оштетување и без податоци дека престојувал во Африка.

И сопругата на битолчанецот е хоспитализирана во Скопје поради симптоми на коронавирус.

Засега нема информации дали некој друг кој бил во контакт со сопружниците е заразен или ставен во изолација, велат од Заводот за здравствена заштита во Битола.

Министерството за здравство ја информира јавноста дека според анализите што вчера ги направи МАНУ на брисот од пацинетот кој се врати од Занзибар, детектирано е присуство на британскиот сој на вирусот СарсКов2.

 

Денеска ќе биде извршена анализа на вториот пацинет кој исто така патувал за Занзибар. Тој е ковид позитивен и исто така е хоспитализиран.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.03.2021 - 09:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега