Не седеле дома: Две лица од Делчево и едно од Свети Николе ги почитувале прописитње за време на епидемија

Три лица од Македонија добија кривична пријава, поради „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“, информира МВР.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривични пријави против Т.Н.(47) од село Град, делчевско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 18.03.2020 во 12:30 часот во село Град, при проверка од полициски службеници, пријавениот не бил пронајден на пријавената адреса за самоизолација, иако потпишал изјава за 14-дневна самоизолација и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Свети Николе поднесе кривични пријави против И.Д.(32) од Свети Николе, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 23.03.2020, при проверка од полициски службеници, И.Д. не бил пронајден на пријавената адреса за самоизолација, иако потпишал изјава за 14-дневна самоизолација и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство.

Одделението за внатрешни работи Делчево поднесе кривична пријава против Ф.Т.(62) од Делчево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“. На 13.03.2020, при проверка од полициски службеници, пријавениот не е затекнат на пријавената адреса за самоизолација, иако потпишал изјава за 14-дневна самоизолација и примил писмена наредба издадена од Министерството за здравство.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.03.2020 - 15:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега