„Не свирете со автомобил кога поминувате пред Владата - премиерот има тенки нерви, тој е трајно неспособен“

Стоп нека престане вревата, затоа што на премиерот му се попуштени нервите поради тоа што  е трајно неспособен и му сметаат силни звуци како што бевме впрочем сведоци и во Собранието на Република Македонија, велат од ВМРО-ДПМНЕ
 
Премиерот работи 15 часа на ден и потпишува важни документи затоа му е потребна голема концентрација, која поради тоа што е трајно неспособен му е тешко да ја постигне.
 
Тој потпишува важни документи, ја решава енергетската криза и подготвува нов сет на барања кој експресно ќе ги исполни кон Бугарија.
 
Криминалот, криминалот ќе си продолжи, тоа на премиерот не му смета, не му оди на нерви, тоа ќе си биде како до сега, така и отсега.
 
Уште еднаш апелирам, намалете со свирките и галамата кога поминувате пред Влада, на премиерто му се слаби нервите, тој е трајно неспособен - порачаа од опозицијата

22.09.2022 - 12:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа