Не успеа да се избори: Почина поранешен југословенски селектор и фудбалер на Вардар

Во 77-та година почина фудбалскиот тренер и поранешен селектор на Југославија, Милан Живадиновиќ.

Живадиновиќ ќе остане запомнет како човек кој ја тренираше Црвена звезда од 1992 до 1994 година, а исто така беше тренер и на уште неколку екипи од поранешната СФР Југославија, Будуќност, ОФК Београд, Приштина, Раднички Ниш, Сутјеска, Рад, Нови Сад и Спартак каде и ја започна тренерската кариера.

Исто така беше тренер и на турскиот Сакаријаспор и во кувајствиот Ал Шабаб, а во 1998 година беше селектор на репрезентацијата на поранешна СР Југославија.

Потоа работеше и во Ал Наср, Обилиќ, а беше и селектор на Ирак, Јемен, Гана и Мјанмар.

Фудбалската кариера ја помина играјќи за екипите на Црвена звезда, Челик, Вардар, Слобода, Риека, Црвенка и германскиот Судвест.

17.07.2021 - 11:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа