Нека не ве лаже сонцето: Ниски утрински температири, а попладне ветер

Времето во Република Македонија ќе биде претежно сончево и свежо со ниски утрински температури и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до девет, а  дневната од 18 до 25 степени.

Во Скопје, сончево со слаб претежно северен ветер. Утринската температура ќе се спушти до четири, а дневната ќе се искачи до 22 степени

За време на викендов времето ќе биде стабилно, до понеделник со ниски утрински температури. Во понеделник попладне и во вторник ќе биде променливо облачно со повремени врнежи од дожд и локална појава на грмежи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

21.09.2019 - 09:57

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега