Некаде снег , некаде дожд- УХМР со информации каде наврна најмногу

 

Утринава снег има на Попова Шапка, а магла во Маврово, Крушево Пониква и Галичица.

Во поголем дел од земјава утринава е облачно и магловито. Врнежи од дожд има во Демир Капија и Гевгелија, а магла во делови од Скопската котлина, во Тетово и Пожаране.

Според информациите од УХРМ, најмногу дожд во изминатите 24 часа наврнал во Пожаране – 13 литри на метар квадратен по што следува Тетово со 9, Гевгелија со пет и Битола со два литра на метар квадратен.

Утринските температури во целата држава се над нулата.

За денеска синоптичарите најавуваат значително облачно со повремен дожд кој ќе биде поинтензивен во јужните делови. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11 степени. Во Скопје слично време со максимална температура до 9 степени. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

04.12.2020 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега