Некои се јадат, некои не - кои намирници треба да ги фрлите додека на нив се појави мувла

Мора да се биде внимателен со храната на која се развила мувла, бидејќи одделни видови произведуваат опасни микотоксини. Меѓу нив најпознат е афлатоксинот, кого научниците го поврзуваат со предизвикување карцином.

Според пишувањето на Хафингтон Пост, од друга страна е добро познато дека одредени видови мувла се безопасни по здравјето и намирницата може да се изеде ако се отстрани делот кој е мувлосан, како на пример некои делови на сирења.

Трајни нарезоци

Сувомеснатите производи имаат долг рок на траење, па не зачудува тоа што со тек на време на нив се формира тенок слој мувла. Ако на нарезокот не му е истечен рокок на траење, исечете го надворешниот слој на кој се има формирано мувлата.

Тврди сирења

Како и кај сувомеснатите производи, така и тврдите сирења формираат мувла на површината ако стојат подолго време, но та не значи дека се расипале. Постапката и кај нив е иста – исечете барем еден сантиметар од сирењето каде се формирала мувлата и можете да го јадете без проблем.

Овошје и зеленчук

Додека мувлосаната праска едноставно мора да се фрли, затоа што има мека кора и најверојатно габичките навлегле внатре во неа, тоа не мора да се прави со тврдото овошје и зеленчук. На пример, морковот или пиперката не се опасни за консумирање ако ги зафати мувла, која ќе ја отстраните исто како и онаа од сирењето или сувомеснатите производи.

Намирници кои не смеат да се јадат кога ќе се појави мувла

Како и во случајот со мекото овошје и зеленчук, намирниците како што се лебот, мармаладот, свежото сирење или јогурт не се за консумирање ако имаат фатено мувла, па мора да ги фрлите.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.02.2020 - 14:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега