Неколку лица искршиле службен автомобил во Скопје


Вчера во 09.36 часот во СВР Скопје, А.М.(32) од Скопје пријавил дека на паркинг простор на подрачјето на Карпош, неколку лица со тврди предмети го оштетиле службеното возило „сеат“ со скопски регистарски ознаки на приватна геодетска фирма од Скопје, додека тој и неговиот колега Б.М.(28) од Скопје биле во возилото.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

12.03.2024 - 16:15

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега