Нелоски до Арсовска: Повторно се занимавате со медарство, пчеларство

„Се кажаа многу работи на оваа говорница, но за жал не сите беа вистинити. Кога збориме зашто некој оди по улици, денес истиот тој човек не беше да отвори гранапче, туку беше на место каде што ќе биде започнат со градба заедно со градоначалникот на Кисела Вода еден современ пазар којшто граѓаните на Кисела Вода го бараат долги години. Тоа е така затоа што градоначалничке на политичарите нам ваквите работи ни се светост. За разлика за жал на Вас и на тие околу Вас што не ви се баш приоритет. И токму затоа и Мицкоски, и Галески, и Андоновска, и Андоновски, и Нелоски, сите ќе отидеме секаде каде што сме ветиле нешто дека ќе го направиме, кога ќе започнеме да го правиме тоа нешто или пак кога ќе го завршиме, бидејќи ќе повторам Програмата пред која што сме излегле како советници, градоначалници, и се останато, и како партија имаме обврска да ја исполниме“, истакна Владимир Нелоски, советник во Советот на Град Скопје од редовите на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

Нелоски додаде дека токму затоа ќе одат бидејќи ќе има со што да се пофалат.

„ Можеби вас ви е криво бидејќи кога одите не може да најдете друштво за да отидете на некој од тие проекти, кои што за жал ги има се уште во мал број. Се надевам дека ќе се зголемат. Во однос на директорот на ЈСП, ви благодарам што признавте пред јавноста дека јас како човек, но и ВМРО-ДПМНЕ како партија има широкоградост кога се работи за граѓаните на Скопје, и интересите на граѓаните на градот Скопје, и дека не не интересирало некој дали е од одредена политичка партија се додека е тој професионалец. Да, немаме никаков проблем со ниеден човек, доколку е професионалец и си ја врши својата работа. Но, истиот тој директор Александар, има телефонски број од тие што биле пред него и тие што сега во моментов седат на 500-тини метри од нас во влада. Требаше да чекаме толку за да реагираме? Зашто не ги побараат своите сопартијци истиот тој директор пред четири месеци кога гледаше дека е алармантна ситуациајата“, запраша советникот.

Тој и се обрати на градоначалничката при што рече: – „Повторно се занимавате со медарство, пчеларство и се останато. Но, од оние информации кои што ги имам јас не сте толку храбра кога давате исказ каде што кривично ќе одговарате ако дадете лажен исказ. Како што сте храбра сега на оваа говорница, да велите за некој дека е криминалец, а без да имате еден единствен доказ кој што го потврдува тој криминал. Вашето сомневање поради тоа што некој не комуницира со Вас градоначалничке не е криминал“.

„ Ова претпријатие и Градот Скопје бидејќи се зборува за матни ликови тука на говорница, можеби едно од причините за финансиската состојба и неможноста на Градот да му помогне на ЈСП е тоа што поради не знам кои причини за првпат можеби во историјата на Градот Скопје законската обврска за пресметка на комуналии која што еобврска на Градот да биде пресметана и да биде дадена на инвеститорите кои што сакаат да инвестираат се држи по не знам колку месеци. Зашто? И јас се прашував додека не дознав дека одредени инвеститори биле посетувани до луѓе блиски до Градот за да им се понудат за помош за да им бидат убрзани пресметките за комуналии. Нешто кое што ниеден градоначалник и ВМРО-ДПМНЕ, и СДСМ, и независен во историјата на Градов не го оспорувал и не го кочел“, рече Нелоски.

19.10.2022 - 17:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега