Нелоски: Шилегов не реши ниту еден од големите проблеми на Скопје, напротив, уште повеќе ги искомплицира работите

Најдоброто за нашиот град е Шилегов да си оди. СДСМ е најлошото нешто за нашето Скопје, рече на прес-конференција Владимир Неловски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Ова се само 10 од многуте причини зошто Шилегов и СДСМ се најлошата опција за Скопје:

1. Злоупотреба на градските пари. Се плаќа повеќе од двојно за набавка на ствари и средства во споредба со градовите во регионот. Односно набавка на противпожарно возило со скала какво што градот Загреб набавува за 800.000 евра плус ДДВ, Шилегов го купува за 1.7 милиони евра.

2. Не се инвестира во нови зелени површини и паркови, туку се уништуваат постоечките и се сечат повеќе децениски стари дрвја, Скопје 4 години е помеѓу најзагадените градовите во светот.

3. 4 години имаме инфраструктурен застој. Еден проект не е направен, се што се прави е премачкување на стари улици со асфалт.

4. Шилегов ја продаде Градската куќа, а никој не знае каде завршија парите од продажбата на објектот.

5. Скопје со Шилегов станува нечист град, контејнерите се преполни, а улиците нечисти.

6. ФК Вардар, гордоста на градот Скопје пропаѓа, и судејќи по досегашниот однос градот на чело со Шилегов нема никаква намера тоа да го спречи.

7. Дивата депонија Вардариште го загадува целиот источен дел на Скопје, се трупа и се пали отпад, а решение нема.

8. Не се решава проблемот со кучињата скитници, и нема стационари. Загрозени се и луѓето и кучињата.

9. Урбаната мафија продолжува да дивее. Последен пример е новата населба која ја планираат Богоев и Шилегов да никне над Козле, со што дополнително се уништува шумата на Водно.

10. Не инвестирањето во нови сообраќајни решенија предизвикува сообраќаен хаос.

 

Шилегов не реши ниту еден од големите проблеми на Скопје и скопјани, напротив, уште повеќе ги искомплицира работите, и таму каде што немаше проблеми, тој за жал ги создаде, истакна Неловски.

4 години Шилегов и СДСМ, 4 години проблеми и стагнација, 4 години украден живот за скопјани. Доста е! Додаде тој.

11.06.2021 - 20:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа