Нелоски: Скопјани од Шилегов не добија ништо конкретно освен лаги

Скопје и скопјани немаат добиено ништо конкретно освен лаги и манипулации од страна на градскиот татко Петре Шилегов рече претседателот на Градскиот комитет Скопје на ВМРО-ДПМНЕ Владимир Нелоски во гостување во емисијата „Утро со Златев“ на Радио Лидер. Имено, тој истакна дека  Скопје на чело со Шилегов  во изминатите четири години нема изградено ниту еден значаен капитален проект.

За жал Скопје и скопјани не добија ништо конкретно изминатите четири години освен лажни ветувања  освен “ќе“ ветувања кои што ги добиваат. Скопје четири години стагнира. Скопје од 2017 до 2021 нема ниту еден капитален проект што е тажно. Значи зборуваме за град кој што има над 100 милиони евра буџет. Значи скоро пола милијарда евра за четири години се потрошени немаме едно капитално нешто кое што ќе остане.

Дополнително , Нелоски потенцираше дека Шилегов континуирано се брани и бара алиби зошто нема ништо сработено од она што го  ветил пред да стане градоначалник. Нелоски дополни  дека повеќе од јасно е и видливо дека таткото на градот Шилегов нема реализирано ниту еден проект капитален и позначаен за градот кој треба да остане во служба на граѓаните со потрошени повеќе од пола милијарда евра за четири години од буџетот што е поразително.

И сега Петре ќе вели дека задачата на градоначалникот не е да гради пирамиди како фараоните и оставштина. Што е задачата на градоначалникот? Да ги реализира ветувањата дадени на избори. Да го реализира ветеното појасни Нелоски.

25.05.2021 - 11:41

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега