„Нема да дозволиме бегалците да останат на Балканот“

Србија е подготвена за последици на најавеното затворање на австриската граница за бегалците, но нема да дозволи тој проблем да се реши така што ќе останат во Западен Балкан, порача денеска шефот на српската дипломатија Ивица Дачиќ, јави Танјуг.

Дачиќ, кој учествува на 52. Минхенска безбедносна конференција, рече дека австрискиот министер за надворешни работи Себастијан Курц го известил дека планира да закаже итна седница на министрите за надворешни и внатрешни работи на земјите на балканската рута за 24 февруари.

Тогаш, како што наведе, се очекува веќе да почнат проблемите предизвикани од затворањето на австриската граница, што ќе предизвика последици по должина на целата западнобалканска рута.

- Ние подготвени ги чекаме овие настани, ќе имаме хуман однос кон бегалците и имигрантите, но сигурно ќе ги заштитиме нашите национални и државни интереси, односно нема да дозволиме некој да го реши тој проблем така како што замислува или планира тие да останат на Западен Балкан. Тоа нема да биде можно, рече Дачиќ.

 
 
12.02.2016 - 23:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега