Нема мир во Украина: Еден час по полноќ експлозии во Киев - еден загинат, над 30 повредени

Нешто по полноќ одекнала експлозија во Киев, соопштија украинските власти.

– Во главниот град одекна експлозија. Системот за противвоздушна одбрана функционира за да го заштити Киев од руски напади – изјави градоначалникот на Киев Виталиј Кличко.

Засега нема информации за можни жртви од експлозијата што се случи околу еден час по полноќ.

Неколку украински градови, вклучително и Киев, беа цел на руски напади во саботата. Едно лице загина, а околу 30 се повредени,пренесе Аваз.ба.

01.01.2023 - 10:42

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега