Нема ризик од експлозија - нови детали за пожарот во Охис
Денеска попладнето избувна пожар во фабриката Охис.
Булеварот „Борис Трајковски“ е затворен од раскрсницата со булевар Србија кон Драчево.
Полиицијата не пушта никој да помине.
Како што дознава Пресс24 се запалила управната зграда. Фатен е и мал дел од депонијата со линдан, но пожарот таму е саниран.
Засега нема опасност од експлозија бидејќи не се зафатени деловите каде што има хемикалии.
Во меѓувреме поминаа неколку возила на Итната медицинска помош во двата правци и кон Охис и кон Центар и едно возило на пожарна.
05.08.2021 - 18:19
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа