Нема знаци на живот после ерупцијата на вулканот во Нов Зеланд - полицијата верува дека нема друи преживеани

Извиднички летови над Белиот остров на Нов Зеланд каде претходно денеска се случи ерупција на вулкан, не откриле преживеани, соопштила полицијата.

Се верува дека околу 50 луѓе биле на островот. Познато е дека пет лица загинале, а дека 23 се спасени, пренесува Би-Би-Си.

Локалните медиуми пренесуваат дека е можно на островот да се наоѓаат уште околу 27 лица.

Полицијата денеска соопштила дека верува дека сите кои би можеле да бидат живи биле евакуирани после ерупцијата.

Туристите се видени како се движат во внатрешноста на кратерот на вулканот, неколку минути пред да се случи ерупцијата.

„Врз основа на информациите кои ги имаме, не веруваме дека на островот има преживеани“, стои во последниот полициски извештај.

„Полицијата работи на тоа да го потврди точниот број на луѓе кои загинале на островот, покрај веќе познатите пет жртви“, стои во соопштението.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.12.2019 - 14:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега