Немало механизација да се отстрани цистерната со плин која вчера се преврти пред Битола

Цистерната со плин која вчера се преврти во Битола ќе биде отстранета од патот денеска бидејќи вчера во тој регион немало соодветна механизација.

„РЦУК Битола, извести дека во 09:30 часот вчера добиено известување за случена сообраќајна незгода, конкретно за превртена цистерна со плин во близина на с.Вашарејца во Општина Битола. Интервенирале комбинирано на терен пожарникарите од ТППЕ Битола со 4 пожарникари со 1 ПП возило, МВР СВР Битола и Итна медицинска помош – Битола. Возачот на камионот бил лесно повреден и е пренесен во клиничката болница во Битола. Поради немање соодветна механизација, во тој реон, извлекувањето на цистерната ќе се изврши во текот на денешниот ден.“ - велат од ЦУК.

14.03.2024 - 09:22

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега