Немирите во Црна Гора не претануваат: Полицијата туркаше жени кои застанаа во првите редови при протести во Бар

Во градовите ширум Црна Гора народот протестира против нарушување на изборната волја во Будва и полициска интервенција, еден од снимките од Бар особено ја вознемири јавноста.

 Имено, на една од снимките направени од една од жените собрани пред полицијата, можете да ја видите атмосферата непосредно пред демонстрација на сила и фрлање солзавец.

„Жените се на првата линија на одбраната во Бар. Подготвени сме за солзавец!“ може да се слушне на почетокот на снимката непосредно пред да започне полициската акција.

При обраќање полицијата преку мегафонот предупреди тие да се тргнат и да престанат да го нарушуваат јавниот ред и мир, а потоа тргнаа да ги ратеруваат присутните меѓу кои имаше и жемни.

„Овде народот е мирен, вие го кршите законот со тоа ваше собирање исто како  ние“ се слуша од присутните.

Веднаш потоа полицискиот коридр почнува да се свижи и да ги турка жените.

Потсетуваме дека по ескалацијата на ситуацијата во Будва, кога полицијата интервенираше пред собраните луѓе и фрлаше солзавец, протестите се прелеваа и во другите градови низ Црна Гора, вклучувајќи ги Подгорица, Никшиќ, Беране, Бар и други.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.06.2020 - 12:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега