Неочекувана реакција на кралското семејство на абортусот на Меган

Изненадувачка реакција на кралското семејство на абортусот на Меган

Меган Маркл откри за „Њујорк Тајмс“ дека доживеала абортус кога се преселила во САД. Војвотката од Сасекс изјави дека го изгубила своето второ дете откако почувствувала „остар грч“ во стомакот, додека во јули ја менувала пелената на нејзиниот син Арчи.

 

Иако се шпекулираше дека принцот Хари и таа не се во добри односи со кралското семејство – поддршката по признавањето во голема мера дојде од Велика Британија.

„Принцот Чарлс беше поддршка за Хари и Меган за време на нивниот жалосен период. Целото кралско семејство е многу тажно за Хари и Меган“, открил извор близок до семејството за „Ју Ес Викли“.

Од Палатата за магазинот изјавиле дека абортусот на Меган е нејзина лична работа.

Во изјава за „Њујорк Тајмс“, Меган опиша дека се разболела дома во Лос Анџелес.

Како што вели, најтешко и било да гледа како Хари тагува додека таа самата „се распаѓа“.

„Откако ја сменив пелената на Арчи, почувствував остар грч. Паднав на подот со него во рацете, пеејќи му приспивна песна за да не смири двајцата. Веселата мелодија беше целосен контраст со моето чувство дека нешто не е во ред“, напиша таа.

Во рубриката со наслов „Загуби што ги споделуваме“ таа напиша:

„Додека го држев моето првородено дете, знаев дека го губам второто“.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

26.11.2020 - 17:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа