Несреќа кај Стража: 19-годишник изгубил контрола над автомобилот и излетал од коловозот

Министерството за внатрешни работи информираше дека на 19.10.2020 околу 21:25 часот на магистралниот пат Гостивар - Кичево, во близина на Стража, 19-годишниот А.И. од гостиварско Врањовце, управувајќи патничко возило „бмв“, со гостиварски регистарски ознаки, изгубил контрола и излетал од коловозот.                        

Повредениот возач бил пренесен во гостиварската Општа болница „Ферид Мурад“ за укажување на лекарска помош. На местото на незгодата увид извршила екипа од Одделението за внатрешни работи Гостивар.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.10.2020 - 10:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа